От А.Никольский Ответить на сообщение
К All Ответить по почте
Дата 21.08.2001 22:05:42 Найти в дереве
Рубрики Современность; Спецслужбы; ВВС; Локальные конфликты; Версия для печати

О действиях САС в нынешней Македонии

Увы, на македонском языке.


СПОРЕД "ВЕЧЕРЊИ ЛИСТ"
Агенти на САС во тајна мисија низ Македонија

Припадници на британските елитни единици САС веќе три недели се наоѓаат во тајна мисија во Македонија, каде што го подготвуваат теренот не само за доаѓањето, туку и за заминувањето на силите на НАТО од Македонија, ако работите не се одвиваат според предвидениот план, пишува во вчерашното издание хрватскиот весник "Вечерњи лист".

Припадниците на САС во Македонија, според весникот, се во улога на тајни агенти што се обидуваат да ги пронајдат најсигурните патишта за распоредување на мировните сили, односно да откријат каде би можело да се очекуваат заседи, мини или други тешкотии што би ги спречиле силите на НАТО во извршувањето на својата мисија.

"Вечерњи лист" пишува дека ако ситуацијата во Македонија се влоши, а силите на Алијансата се најдат меѓу "два огна", британските агенти треба да подготват најбрзо повлекување и евакуација на војниците на НАТО. На агентите на САС "при рака" им се воени стручњаци што им овозможуваат сигурна комуникација во Македонија, пишува весникот.

Северноатлантската алијанса по секоја цена сака да ја избегне ситуацијата од Босна и опасноста припадниците на НАТО да станат заложници, пишува хрватскиот весник.

Во исто време, британскиот весник "Сандеј тајмс" открива дека на единиците на САС, кои веќе се наоѓаат во Македонија, за неколку дена ќе им пристигне засилување, составено од уште две британски елитни единици.

Според британскиот весник, освен воено-разузнавачките задачи, САС има и задача да стекне доверба кај локалното население, нудејќи најразлична помош, со цел да дознаат информации за тајните складишта на оружје, повлекувањата и движењето на паравоените групи.

НАТО вчера ниту ги потврди ниту ги демантираше информациите за распоредувањето на единиците на САС.

- На теренот има набљудувачи на ОБСЕ и на ЕУ и не можам да кажам ништо посебно за присуство на разузнавачки агенции на теренот. Меѓутоа, се што се случува е со одобрение на македонската Влада - изјави портпаролот на НАТО, мајорот Бери Џонсон.